КОТЕСКИ, Јован

КОТЕСКИ, Јован (с. Присовјани, Струшко, 14. Ⅰ 1932 – Скопје, 12. Ⅶ 2001) – поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕНЦЕнтар и член на ДПМ (1958). БИБ.: „Насмевка пред зорите” (1958), „Земја и страст” (1958), „Злодоба” (1963), „Тежина” (1965), „Пеплосија” (1966), „Сенки” (1972), „Зелени порти” (1975), „Хераклеја” (1978), „Поморија” (1981), „Бденија и сновиденија” (1982), „Полилеј” (1983), „Плодови” (1984), „Тапија” (1985), „Живожарица” (1990), „Сончева белегија” (1990), „Морници”(1991), „Глувчето со двоглед” (поезија за деца, 1991), „Ралица” (1992), „Злодоба” (1992), „Лелејка” (1994), „Самотија” (1994), „Празник” (библиофилско издание во ракопис, 1995), „Трагач” (поема, 1995), „Решетки” (1996), „Приќе” (1997), „Разор” (1999), „Картечница” (2000). Р. КОЦАРЕВ, Анастас (Охрид, 5. Ⅴ 1889 – Париз 29. Ⅲ. 1931) – лекарканцеролог, доктор по медицински науки и универзитетски професор. Завршил гимназија во Битола (1908) и Медицински факултет во Женева (1915), каде што и докторирал, а потоа бил лекар и приватен доцент по онкологија на истиот Медицински факултет (1917-1919). Како основач на Друштвото „Македонија” во Женева (1915), се залагал „за единствена и независна Македонија” и за балканска федерација. Подоцна ги обединил и другите македонски друштва од Цирих и Лозана во заедничкото Друштво на Македонците за независна Македонија (август 1918), кои го основале Главниот одбор на македонските друштва во швајцарија со седиште во Лозана (15. Ⅻ 1918 – 27. XI 1919), со него како потпретседател (15. Ⅻ 1918 – 2. Ⅴ 1919) и претседател (2. Ⅴ – 1. Ⅷ 1919). Соработувал со Марија Кири-Склодовска. Починал во неразјаснети околности. ЛИТ.: Љубен Лапе, Политичката активност на д-р Анастас Коцарев во швајцарија од 1917-1919 година, „Прилози„, ООН-МАНУ, Ⅹ, 2, Скопје, 1979, 35–52; Д-р Блаже Ристовски, Македонија и македонската нација, Скопје, 1995; Љ. Лапе, Една акција во швајцарија за зачувување на целоста и независноста на Македонија, „Историја„, ⅩⅠⅩ, 2, 1983, 169–178. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *