КОТЕВСКА, Цвета

КОТЕВСКА, Цвета (Прилеп, 21. Ⅳ 1923) – преведувач, антологичар. Завршила Филозофски факултет во Белград. Работела како новинар, потоа како уредник на „Југословенски преглед”, а од 1959 г. е главен уредник на издавачкото претпријатие „Народна книга” во Белград. Автор е на преводи на неколку десетици македонски писатели на српски јазик (Блаже Конески, Сл. Јаневски, Радован Павловски, Ж. Чинго, В. Малески, М. Фотев, Ј. Котески и др.). Според нејзин превод се играни драми од Ж. Чинго, Г. Стефановски, Ј. Плевнеш и др. Со Е. Клетников ја објавила Антологијата на македонската поезија на српски јазик (Белград, 1985). П. Гил. Димитар Котевски КОТЕВСКИ, Димитар Јованов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *