КОСТОВ, Хари

КОСТОВ, Хари (с. Пишица, ПрибиШтипско, 13. XI 1959) – економист, банкар, актуелен Прв генерален директор на Комерцијална банка а.д. – Скопје, државник. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. Бил стручен соработник во Извршниот совет на Собранието на СРМ и во Владата на РМ, заменик министер за финансии во Владата на РМ, претседател на Управниот одбор на Агенцијата за санација на банки на РМ, помошник на извршниот директор на Светската банка (август 1995 – октомври 1996), генерален директор на Комерцијална банка – Скопје (од октомври 1996) и министер за внатрешни работи на Владата на РМ (1. XI 2002 – 2. Ⅵ 2004). По изборот на дотогашниот премиер Бранко Црвенковски за претседател на РМ, избран е за премиер на Владата на РМ (2. Ⅵ – 15 XI 2004). Во неговиот мандат донесен е Законот за новата, трета територијална поделба на РМ на 84 општини, но набрзо потоа поднесува оставка и се враќа како Прв директор на Комерцијална банка а. д. – Скопје (почетокот на 2005). Учествувал во склучувањето на повеќе меѓународни финансиски договори. Постигнал значајни резултати во економското јакнење и афирмацијата на Комерцијална банка а. д. – Скопје како една од водечките банки во РМ. ЛИТ.: Македонски влади. Предговор и биографски белешки д-р Марјан Димитријевски, Скопје, 2005. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *