КОСТОВ, Кире

КОСТОВ, Кире (Битола, 14. IX 1949) – композитор, аранжер, трубач. Најголем дел од својот работен век го поминал како трубач во Танцовиот оркестар на Македонската радио-телевизија, апотоа и како негов раководител. Со компонирање започнал многу рано како автор на детски песни, а потоа создал бројни џез-композиции, популарни мелодии, музика за ТВ серии и за драмски претстави. Од неговите над 300 композиции најпознати се: „Чекам, чекам” (1967), „Летај галебе” (1979), „Кога те нема” (1986) идр. Значајно место во неговиот опус заземаат композициите и аранжманите пишувани за танцов и ревиски оркестар. М. Кол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *