КОСТОВСКИ, Трифун

КОСТОВСКИ, Трифун (Скопје, 27. Ⅻ 1946) – бизнисмен и дона-тор. Основач на „Кометал Трејд” – Виена (1991); основач на Фондацијата „Трифун Костовски”; еден од основачите и активен член на „Форумот за Македонија 2001” (2001&2004), на „Форумот за евроатланска интеграција на РМ” (2003) и на „Граѓанското движење за Македонија” (2004); член на Парламентарното собрание на ЦЕИ (2003), на Советодавното бизнис тело, работна маса Ⅱ на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа (2003–) и на Бордот на Меѓународната кризна група (2003–2006); корпоративен член на Советот за надворешни работи на САД (2004–) и на Глобалната бизнис коалиција за борба против СИДА (2005–); основач и финансиер на неколку медиумски куќи во РМ; финансиер на бројни невладини организации, болници, социјални установи, хуманитарни и волонтерски активности и помагач на инвалиди, социјални случаи, болни за операции и лекувања; спонзор на заштита и обнова на културно-историски споменици, светилишта на МПЦ и на ИВЗ и ктитор на изградбата на Соборниот храм „Света Богородица”– заштитничката на Скопје; донатор на значајни објекти и акции; сопственик на ракометниот клуб „Кометал” – Ѓорче Петров (европски ракометен клупски шампион во женска конкуренција 2001/2002); претседател и спонзор на фудбалскиот клуб „Работнички Кометал”; спонзор на „Пелистер Кометал” – повеќепатниот државен шампион во ракомет во машка конкуренција; претседател на Ракометната федерација на РМ (2003–2007); независен пратеник во Собранието на РМ (2002– 2005); градоначалник на градот Скопје (2005–2009). ИЗВ.: Кабинет на Градоначалникот на град Скопје, Скопје, 2007. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *