КОСТОВСКИ, Душко

КОСТОВСКИ, Душко (Дебар, 28. Ⅴ 1939 – Скопје, 21. Ⅰ 1995) – актер во Народниот театар „Антон Панов” во Струмица (1967– 1970) и во Драмата на МНТ (1970– 1995). Има реализирано забележителни улоги и на филм, радио и ТВ. УЛО.: Бојарски („Зајдисонце”), Димитрија („Буре барут”), Директорот („Кланица”), Јуда („Рави”), Каран („Крал Лир”), Крчмарот („Крчма под зеленото дрво”), Крис Дидајка („Кенгурски скок”), Кушак („Лов на диви пајки”), Таткото („Среќна Нова ’49”). Р. Ст. Јован Костовски КОСТОВСКИ, Јован (Битола, 8. Ⅷ 1907 – Скопје, 28. Ⅻ 1980) – еден од предвоените македонски новинари што ја продолжил кариерата и по Ослободувањето. Завршил Трговско училиште и Гимназија во Скопје. Со новинарство почнал во 1933 г. како соработник на скопскиот весникВардар”, подоцна и негов уредник. Соработувал во повеќе скопски и белградски весници. Од 1945 г. прв дописник на Танјуг од Македонија. Уредник на „Нова Македонија” и Радио Скопје ориентирајќи се кон репортажи и театарски рецензии и есеи. Несебично го пренесувал своето богато искуство на младите новинари. Еден од најдобрите македонски дебатни стенографи. Плоден преведувач од српско-хрватски на македонски јазик. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *