КОСТОВА, Слободанка Тодорова

КОСТОВА, Слободанка Тодорова (Скопје, 19. Ⅶ 1929) – социјален работник, основач на Заводот за геријатрија и геријатриската служба во Скопје (1976). Била прв и долгогодишен директор на Заводот. Д. С.-Б. Атанас Костовски КОСТОВСКИ, Атанас (Пехчево, 1. Ⅷ 1938) – спортски новинар. Завршил гимназија во Кочани (1956). Бил уредник во весникот „Млад борец” (1960–1964) и на Спортската редакција на Телевизија Скопје и Македонската телевизија (1964–2001). Прокоментирал повеќе од 2500 спортски преноси. Известувал од осум олимписки игри (во фудбалот и во неколку други спортови), од 14 светски и 14 европски првенства, од пет балкански шампионати, универзитетски и медитерански игри и др. Д. С. Бранко Костовски