КОСТЕН

КОСТЕН – . (Цастанеа сатива Милл. сѕн. Ц. весца Гаертн., фам. Фагацеае) – големо листопадно дрво со широка круна од јужна Европа, западна Азија и од северна Африка. Листовите се големи, елипсесто издолжени, со остар врв, крупно назабени. Цветовите се собрани во долги и исправени (медоносни) реси, при што женските се наоѓаат при основата на ресата. Пло-Костен довите (костени) имаат темнокафеава лушпа, по 1–3 завиткани во бодликава купола (ежовка). Содржат големо количество хранливи материи. Наоѓалиштата на костенот во нашата земја се на Беласица и на шар Планина. Последниве децении, во целиот ареал, костенот е сериозно загрозен од болеста рак на кората (Ендотхиа параситица). Во РМ расте на 500– 1100 м н.в. На Беласица се спушта до 250 м н.в. Во ниските предели има и осамени стебла што даваат високи приноси. Со калемени садници може да се подигнат производни насади со квалитетни сорти и типови кои брзо прородуваат и даваат редовни и високи приноси. Ал. Анд. – Б. Р. Лира Грабул: костими за претставата „Мадам Батерфлај” од Пучини (2005)