КОСОВСКАТА ВОЈНА И РМ

КОСОВСКАТА ВОЈНА И РМ – војната меѓу СРЈ и НАТО. Започнува на 24. Ⅲ 1999 г., по неуспехот на преговорите во дворецот Рамбуе (на ок. 50 км од Париз), т.е. откога на 23. Ⅲ 1999 г. српското собрание го одбива ултиматумот на НАТО. Завршува на 10. Ⅵ 1999 г. со склучување (во Куманово) воено-технички договор за повлекување на југословенските сили од Косово. За времетраењето на војната НАТО бомбардира воени и цивилни цели на територијата на СРЈ, а силите на УЧК војуваат со припадниците на Југословенската армија и со српски-Сили на КФОР на Косово те парамилитарни единици. Формално-правно, војната завршува без територијални промени. Според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, Косово останува во составот на СРЈ, но фактички провинцијата е политички и економски одвоена од СРЈ и во неа е распоредено цивил-но и безбедносно присуство на ООН (Мисија на ОН за привремена администрација на Косово – УНМИК). На 2. Ⅻ 1998 г. Владата на РМ донесува Одлука за согласност за воспоставување сили на НАТО на територијата на РМ за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово. Силите се активирани на 10. Ⅻ 1998 г., а правна основа на нивниот статус е Основниот договор за операциите на НАТО мисиите во РМ (24. Ⅻ 1998). На 4. Ⅳ 1999 г. РМ дава согласност за изградба на кампови за згрижување на 100.000 бегалци од Косово и ги отвора границите за премин на бегалците до камповите во близината на Скопје. Во времето на војната РМ прима 350.000 бегалци од Косово. Речиси истовремено со влегувањето на КФОР во Косово (12. Ⅵ 1999) во РМ се воспоставува заднинска база – штаб во Скопје. Статусот на КФОР на територијата на РМ се регулира со Договорот од 18. Ⅴ 2001 г. Како награда за севкупната улога на РМ во времето на Косовската војна, следуваат заклучоци на Министерскиот совет на ЕУ од 26. Ⅳ 1999 г. со кои „се поздравува намерата на Европската Комисија под итно да ја разгледа можноста, во светлината на регионалниот пристап и на придонесот на ЕУ за идниот Пакт за стабилност, за надградување на договорните односимеѓУЕУИРМ“ во функција на почеток на преговори за спогодба за стабилизација и асоцијација. Американскиот претседател Бил Клинтон меѓу припадниците на КФОР (22. Ⅵ 1999) ИЗВ.: Основен договор за операции на НАТО мисиите во РМ, „Службен весник на РМ“, бр.60/98; њњњ.мфа.гов.мк; Репорт фром тхе Цоммиссион он тхе Феасибилитѕ оф Неготиатинг а Стабилизатион анд Ассоциатион Агреемент њитх тхе формер Ѕугослав Републиц оф Мацедониа, ЦОМ (1999) 300 финал, Брусселс, 16. 6.1999. ЛИТ.: Светомир Скариц, Лањ, Форце анд Пеаце: Мацедониа анд Косово, Скопје, 2002. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *