КОРУБИН, Јован

КОРУБИН, Јован (Скопје, 9. Ⅲ 1948 – Скопје, 21. XI 2006) – универзитетски професор, социолог. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1975), магистрирал на Правниот факултет во Белград (1984) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Научната интелигенција во структурата на македонското општество“ (1992). Избран за асистент (1977), за предавач (1984), за доцент (1992), за вонреден (1997) и за редовен професор по предметите Социологија на правото и Социологија на масовните комуникации на Филозофскиот факултет во Скопје (2002). Објавил преку 70 научни труда од областа на социологијата. БИБ.: Живиот песок на интелигенцијата, Скопје, 1997; Социолошки теми за јазикот, Скопје, 2005.ЛИТ.: Филозофски факултет 1920 – 1946 – 2006, Скопје, 2006. Св. ш. Миле Корубин

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *