КОРУБИН, Миле (Прилеп, 28. IX 1922 – Скопје, 13. IX 2000) – сликар и педагог. Остварил забележителни резултати преку обединување на фигуративните и апстрактните поими во сликарството. Дипломирал на АЛУ во Белград (1951). Работел како професор во УПУ во Скопје. Автор на меки стилизирани пејзажи (Пејзаж од Париз, 1957) и впечатливи портрети (Славко Јаневски, 1955/56). С. Аб.-Д.