КОРОБАР, Перо Д

КОРОБАР, Перо Д. (Велес, 17. Ⅲ 1914 – Скопје, 2001) – правник и општественик. Бил припадник на македонското прогресивно студентско движење и дипломирал на Правниот факултет во Белград (1939). Како учесник во Перо Д. Коробар НОБ, бил секретар на илегалниот НОО во Велес и воено-судски обвинител при Главниот штаб на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето бил прв јавен обвинител на Македонија и помошник јавен обвинител на Југославија, секретар за законодавство на Извршниот со-вет на НРМ и секретар на Собранието на НРМ, секретар на Секретаријатот за организација на власта и управата при Владата на НРМ и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на НРМ. Бил еден од основачите и претседател на Советот на Правниот факултет во Скопје, претседател на Универзитетскиот совет на Скопскиот универзитет, прв претседател на Уставниот суд на Македонија (1963 и 1970) и претседател на Сојузниот суд на Југославија, потпретседател на Сојузот на друштвата на правниците на Југославија и претседател на Сојузот на друштвата на правниците на Македонија. Бил одговорен уредник на сп. „Правна мисла”. Има значаен придонес за развојот на правосудниот систем во ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ. Бил претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија и на Фудбалскиот сојуз на Југославија. БИБ.: Народноослободителниот фонд во Велес, Четириесет години (1941-1945), кн. 7, Скопје 1963, 186–188; Фондот на Народна помош во Велес и Велешко во 1942, Велес и Велешко во НОВ 1942, Титов Велес, 1969, 177–183; Нардноослободителното движење во Велес од 1 јануари до 1 јули 1943 година, Велес и Велешко во НОВ 1943 – 15 мај 1945 година, Титов Велес, 1977, 63–70; Формирањето и работата на Народноослободителниот одбор за Велес од октомври 1943 до мај 1945 година, на истото место, 171–179 (со коавтор Љубо Н. Зафировски). С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *