КОРНЕТИ, Мелпомени

КОРНЕТИ, Мелпомени (Кочани, 7. Ⅴ 1952) – новинар и дипломат. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1978). Била новинар во „Нова Македонија” (1980–1984), а потоа (до 1990) уредник во Редакцијата за култура. Ги вршела функциите директор на Македонската филхармонија (1990–1994) и генерален директор на Македонската радиотелевизија (1994–1996). Заменик на министерот за култура во Владата на РМ (2002–2006), а во мај 2006 е назначена за вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во Република Турција. Ј. Ф. Костандина Корнети -Пекевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *