КОРИТОС – средновековен град/тврдина на патот Скопје – Струмица, оддалечен за еден ден одење од Скопје. Забележан е кај географот Идризи (и како Курта); за него има само уште две изворни вести (Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в.). Коритос се идентификува со овчеполско Ѓуриште. ЛИТ.: Т. Томоски, Каде лежел градот „Љорѕтос”?, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999. Б. Петр.