КОРИНТСКИ МИР

КОРИНТСКИ МИР (Коринт, Хелада, 337 пр. н.е.) – склучен помеѓу македонскиот крал Филип Ⅱ Македонски и десет хеленски полиси. Со одредбите од договорот хеленските полиси се обврзале да го зачувуваат мирот, Македонското Кралство било признаено за хегемон на Хелените, а ним им се гарантирала автономијата, но со забрана за насилно менување на уредувањето, со нова прераспределба на земјата, отпишување на долговите, ослободување на робовите, протерување на политичките противници, конфискација на имотите, враќање на политичките бегалци, стапување во служба на туѓи држави, здружување во сојузи и меѓусебни борби. Хеленските полиси немале обврска да плаќаат данок на Македонското Кралство. Гаранција за почитувањето на договорот биле четирите стратешки воени бази на македонската војска (тебанската тврдина Кадмеја, Акрокоринт, Амбракија и Халкида на островот Евбоја). Во изворите е познат како Коине еирене (Заеднички мир). Од повиканите не присуствувале само претставниците на Спарта. Зачувани се две парчиња од него – дел од заклетвата и списокот на полисите со редните броеви. Овој договор го обезбедил условот за мир и заедничка насоченост кон заедничкиот непријател – Персија. ЛИТ. : Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Светомир шкариќ и Ѓорге Иванов, Политички теории – антика, Скопје, 2006. К. М.-Р. Коритос, можната локација во Горно Градиште, Сопот (средновековен ловечки дворец?)