КОПРОВ, Григор

КОПРОВ, Григор (Охрид, 30. IX 1943) – автор на популарни песни. По професија е правник, но талентот го одвел и во водите на музиката, најнапред како интерпретатор, а потоа како автор. Со својата прва композиција „Меги” учествувал на фестивалот во Опатија (1969). Редовен учесник на речиси сите изданија на Скопскиот фестивал и на повеќе фестивали во поранешна Југославија. Автор е на неколку стотини песни од областа на популарната и авторската песна во народен дух. Со песната „Не зори зоро”, во интерпретација на Владо Јаневски, беше првиот македонски учесник на Песната на Евровизија (Англија, 1998). М. Кол. Љупчо Копровски КОПРОВСКИ, Љупчо Илиев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *