КОПИТАРОВ ТРИОД

КОПИТАРОВ ТРИОД – кирилски посен триод од ⅩⅠⅠⅠ в., 72 л., Љубљана НУК Цод. Коп. 9. Правописно-јазичните особености потврдуваат североист. мак. потекло. Записите укажуваат на поврзаност со Прешевската област со најзначајното култ. средиште – манастирот „Св. Прохор Пчињски”. Текстот припаѓа кон постарата редакција на триодот, без паримии и со цели вечерни за секој ден. ЛИТ.: В. Мошин, Копитарјева збирка славенских рокописов ин Зојсов ќирилски фрагмент из Народне ин универзитетске библиотеке в Лјублјани, САЗУ, Дела, 25, Лјублјана, 1971, 112 + (3) (опис и снимка); Г. А. ИлÏинскиј, Копитрарова триодÏ ⅩⅠⅠⅠ в., РФВ, 1906, 199–215 (ортограф.-јаз. особености). Зд. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *