КОПАЧКА -. македонско народно оро од Малешевско во 2/4 ритам. Изведувачите се мажи, со држење за појас – со левата рака пред десната. Се игра полетно и темпераментно, со мали брзи чекори на полустапалата. Обилува со потскоци, доскоци, бочни движења, ножици и поткопнување со нозете по подот, од што е произлезено името на орото. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 80. Ѓ. М. Ѓ. КОПЕНХАГЕНСКИ КРИТЕРИУМИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ