КОНЧЕ

КОНЧЕ – село во Радовишко. Се наоѓа во североисточното подножје на Градешка Планина, на надморска висина од околу 580 м. Преку регионален пат е поврзано со Радовиш. Има 967 ж. од кои 444 се Македонци и 521 Турци. Населението се занимава главно со одгледување тутун. Тоа е седиште на општина, која зафаќа површина од 23.305 ха, со 14 населени места во кои живеат 3.536 ж. Постои осумгодишно училиште, здравствена станица и манастир со црква „Св. Стефан” од ⅩⅣ в. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *