КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ

КОНЦЕПТУАЛНА УМЕТНОСТ .‡ ликовна насока во која основни означувачи на делото се идејата и неконформизмот. Се развива особено во шеесеттите години на ⅩⅩ в. (групите Гутаи и Флуксус) како најглобализирачка тенденција. Македонските уметници во неа се вклучуваат подоцна. С. шемов и Н. Фидановски (1973), низ необични акции интервенираат во естетиката на природата и градот (1973), Д. Бежан и М. Коџоман изведуваат перформанси (1972-74), С. Узуновски прави инсталации (1974). Подоцна се организираат изложби. Кон концептуалната уметност се приклучуваат и Д. Перчинков, М. Манчевски, Ж. Вангели.ЛИТ.: Владимир Величковски, Ликовен меѓупростор, Скопје, 1986; Идејатека – Документи за концептуалниот дискурс во Македонија (приредувач С. Абаџиева), Скопје, 2003. С. Аб.-Д.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *