КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ВО БУГАРИЈА

КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ ВО БУГАРИЈА (1941–1944) – логори формирани со Уредба на Министерството за внатрешни работи и народно здравје (31. Ⅰ 1941), потврдена од Министерскиот совет (26. Ⅱ 1941), именувани како „Селишта на државната сигурност”. Бугарските концентрациони логори од германските се разликувале само по тоа што во нив немало крематориуми, гасни комори, не биле вршени медицински експерименти над логорашиМакедонски интернирци во бугарските концентрациони логори те и немало масовни стрелања. Познати логори во Бугарија биле: Ени-ќој, Гонда Вода, Свети Никола, Чучулигово, островот Св. Анастасија, во Хасковско (с. Тодоровци) и др. Во нив биле интернирани голем број македонски национални дејци и револуционери. ЛИТ.: Фани Милкова, Изкл• чителното наказателно законодателство – реакционно оръдие против въоръжената антифашистка борба на българския народ 1941–1944, София, 1976; Концлагер „Ени кÝой”. Победа 1941–1944, София, 1969. В. Јот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *