КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈУГОСЛАВИЈА – свикана врз основа на Декларацијата за Југославија (27. Ⅷ 1991), отворена на 7. IX 1991 г. во Хаг во присуство на претставици од сите југословенски републики, Европскиот совет, државитечленки на ЕУ и Европската комисија. На пленарната сесија одржана на 26–27. Ⅷ 1992 г. во Лондон, во присуство на претставници на повеќе од 30 држави и(ли) организации, се усвоени 12 принципи, План за акција и Специјални одлуки. Воспоставен е Постојан комитет со Сајрус Венс (ООН) и Дејвид Овен (ЕУ) како ко-претседатели, 6 работни групи за справување со кризата во СФРЈ и секретаријат како административно-техничка инфрастуктура. ИЗВ.: Брана Марковиќ, Ѕугослав Црисис анд тхе Њорлд: Цронологѕ оф Евентс Јануарѕ 1990 – Оцтобер 1995, Белграде, 1996. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *