КОНСТРУКЦИИ ВО МЕБЕЛОТ

КОНСТРУКЦИИ ВО МЕБЕЛОТ – составен дел на секој дрвен производ. Тие имаат посебно значење кај мебелот изработен од масивно дрво и од дрвени плочи. Конструкциите во мебелот се изработуваат како фиксни и монтажно-демонтажни врски. Фиксните дрвени врски даваат цврст спој, кој останува недеформиран во текот на експлоатациониот период на производот. Овие врски можат да бидат изработени со слепување на рамни кантови (површини), со обработка на кантовите со специјални врски или со вметнување на посебни елементи за поврзување на деталите. Монтажно-демонтажните врски се изработени од метал и од пластични маси. Наменети се за поврзување на елементите од мебелот на начин што овозможува тие да се демонтираат, со можност за нивно повторно спојување (монтирање). Б. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *