КОНСТАНТИН БРЕГАЛНИЧКИ (ПРЕСЛАВСКИ) (IX-Ⅹ в.) – ученик на светите браќа Кирил и Методиј, втор словенски епископ (по св. Климент Охридски). Напишал повеќе црковни дела, меѓу кои најпознато му е „Поучното евангелие”. Клучен етичко-филозофски поим во овој текст е милосрдието како основа на христијанската религија. Меѓу луѓето ќе се развијат вистински етички односи ако знаат што е милосрдие, а мотив на нивното морално дејствување треба да биде доброто. Предводници на патот на моралното усовршување треба да бидат верата, љубовта и благодарноста искажана спрема Бог, што е творецот на човекот. В. Г.-П. Св. Кирил Философ, икона од Дичо Зограф (ⅩⅠⅩ в.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.