КОНСТАНТИНОВ, Јанко

КОНСТАНТИНОВ, Јанко (Битола, 18. Ⅰ 1926) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград (1952). Развил богата проектантска дејност и учествувал на анонимни архитектонски конкурси. Како проектант работел во шведска и во САД. Во 1964 г. во Скопје е ангажиран во изработката на планот на централното градско подрачје. Од 1966 г. до пензионирањето (1991) работел во Институтот за студии и проектирање „Бетон” во Скопје. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Позначајни реализирани дела: Педагошката гимназијаНикола Карев” во Скопје (1969); Протестантската црква во Скопје (1973); Средното медицинско училиште во Скопје (1973); Телекомуникацискиот центар за ПТТ во Скопје (1974); Хотелот „Александар Па-лас” во Скопје (1998). Се занимава и со сликарство. ЛИТ.: К. Томовски, Архитект Јанко Константинов (1926), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 151–158. Кр. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *