КОНСТАНТИНОВСКИ, Георги Христов

КОНСТАНТИНОВСКИ, Георги Христов (Крагуевац, Србија, 29. Ⅶ 1930) – архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1956). Магистрирал на Јелскиот универзитет во САД (1985). Покрај со педагошка дејност, се занимавал и со проектирање на разновидни објекти – изработил над 360 проекти и над 30 студии поврзани со станбената проблематика. Учествувал на повеќе архитектонски конкурси. Се занимавал и со публицистика. Публикувал повеќе стручни статии во дневниот печат и во списанија. Позначајни реализирани објекти: Архивот на Скопје, на Штип и на Охрид; Студентскиот дом „Гоце Делчев” Архивот на Скопје, проект на арх. Г. Константиновски во Скопје (1969); Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје (1978); Спомен-домот на Разловечкото востание во с. Разловци (1979); Палатата „Унија” во Скопје (1993); Палатата „Кузман” во Скопје (1995); Спомен-домот на АСНОМ во с. Пелинце (2004). БИБ.: Градителите во Македонија ⅩⅤⅠⅠⅠ–ⅩⅩ век, Скопје, 2001 и 2004.ЛИТ.: Минас Бакалчев, Архитект Георги Константиновски (1930) во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век. Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвите на Македонија, 14, Скопје, 2006, 203–214. Кр. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *