КОНЕСКИ, Кирил

КОНЕСКИ, Кирил (Прилеп, 19. Ⅰ 1929) – лингвист, универзитетски професор. По дипломирањето работи во ИМЈ „Крсте Мисирков” на проектот Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник (1. Ⅶ 1957 – 31. Ⅰ 1969). Потоа е професор по современ македонски јазик на Педагошката академија „Климент Охридски” во Скопје, а подоцна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Негов научен интерес е современиот македонски јазик, област од која има објавено повеќе монографии. Редактор е на Толковниот речник на македонски јазик (досега се објавени три тома). БИБ.: Глаголските конструкции со ќе во македонскиот јазик, 1996; За македонскиот глагол, 1999; Правописен речник на македонскиот литературен јазик, 1999; Зборообразувањето во современиот македонски јазик, 2003. Т. С. Конечка Планина (Серта) со Демикарписката Клисура

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *