КОНЕСКА, Смилја

КОНЕСКА, Смилја (Прилеп, 8. Ⅰ 1931) – физичар, ред. проф. (1986) на ПМФ. Дипломирала (1954) на Филозофскиот факултет на Групата за физика. Магистрирала на ПМФ во Загреб од областа на нуклеарната физика. Докторирала (1979) на ПМФ со „Термодилатациона студија на легури на антимон и цинк”. Специјализирала во Трст и во Копенхаген. Го вовела предметот Нуклеарна физика на ПМФ, подготвила лабораториски практикум за него и учебник („Нуклеарна физика”, со Д. Гершановски, 1998). Објавувала кај нас и во странство главно за својствата на легурите. Била декан на Факултетот за физика (1981–83). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 162; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 171. В. Ур.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *