КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка

КОНДОВА-ЗАФИРОВСКА, Тодорка (Прилеп, 1. Ⅱ 1926 – Скопје, 29. Ⅴ 2003) – актерка и режисерка. Завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Член на Драмата во МНТ (1945–1964) и во Драмскиот театар од 1964 г. до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште. Таа се искажува како драм-ска, филмска, радио и ТВ актерка, режисерка и професорка по актерско мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврди со објавениот учебник „Актерско мајсторство”. УЛО.: Донка („Бегалка”), Фјокла Ивановна („Женидба”), Лаура („Во агонија”), Емилија („Отело”), Царицата („Јане Задрогаз”), Керон („Партитура за еден Мирон”), Андромаха („Тројанки”), Лисистрата (во истоименото дело), Мартина („Учени жени”) и др. РЕЖИИ: „Вејка на ветрот”, „Сид”, „Бегалка”, „Кројач за дами”, „Сојуз на лажни светци”, „Пигмалион”, „Владимир и Косара” и др. Р. Ст. Димитар Кондовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *