КОНДАРКО, Благој

КОНДАРКО, Благој (Крушево, 25. Ⅹ 1918 – Скопје 7. XI 1997) – истакнат учител и педагог. Завршил учителска школа (1937) и студии по педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1961). Припаѓал на напредното учителско движење пред Ослободувањето. Учесник во НОБ, носител на „Партизанска споменица 1941”. Извршувал разни должности во просветата. Во 1948 г. е наставник по македонски јазик во Пиринскиот дел на Македонија. Бил просветен инспектор и самостоен педагошки советник во Републичкиот завод за унапредување на образованието и воспитанието (1958 –1978). Објавил над 100 трудови од областа на образованието. Автор е на повеќе учебници (читанки) за основно образование. БИБ.: Педагошки записи (1989). ЛИТ.: Ч. Поповиќ,Благој Кондарко,Просветно дело, 5–6, Скопје, 1979, 97–101. К. Камб. Тодор Кондев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *