КОНДАКОВ, Никодим Павлович

КОНДАКОВ, Никодим Павлович (Халањ, Курска губернија, Русија, 1. (13) XI 1844 – Прага, Чешка, 17. Ⅱ 1925) – руски академик, основач на новата руска археоло-Никодим Павлович Кондаков гија, мошне пројавен иследувач на древните европски уметности и иноватор на иконографскиот метод. Еден од поистакнатите руски научници-македонозналци. Ја предводи научната експедиција на Руската императорска академија на науките во Македонија (1900), во чиј состав се наоѓаат и П. Н. Милјуков и Петар Лавров. Подоцна ја објавува книгата „Македонија” (1909) со која се вбројува во редот на врвните светски македонозналци. Од 1861 г. е студент на Историскиот факултет на Московскиот универзитет, каде што, под влијание на проф. Ф. И. Буслаев, пројавува интерес кон археологијата и историјата на уметноста, пред с” античката, старохристијанската и византиската. Професор по теорија и историја на уметноста на Одескиот универзитет (1870 – 1888). Вршел истражувања во Грузија, Турција, Грција, Египет. Во 1876 му излегува (во Одеса) првата позабележлива научна студија „Историја на византиската уметност и иконопис”. Како професор од 1888 во Санкт-Петербург, речиси триесетина години од животот му ги посветува на Ермитажот. Вршел чести истражувања во Сирија и Палестина. Во 1919 емигрира во Турција (Цариград), потоа извесно време е професор на Софискиот универзитет, а од пролетта на 1922 г. преминува во Прага и предава на Карловиот универзитет, одбивајќи ја во меѓувреме поканата за професура на париската Сорбона. Се извишува во науката како патријарх на византологијата. Монографијата „Македонија” е едно коректно видување на македонскиот проблем од страна на висок репрезент на руската наука. Македонија е претставена како единствена историска и етно-културна целина, па како супериорен научен коментар книгава претставува прилог кон разбиструвањето на општите претстави за Македонија во постилинденскиот период. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Раните ракописи на Крсте Мисирков на македонски јазик, Скопје, 1998. Г. Т. Благој Кондарко

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *