КОМИТОПУЛИ

КОМИТОПУЛИ – млади кнезови, синови на кнезот Никола, браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил. Тие ја искористиле тешката ситуација во Бугарија (969) создадена со нападите на кнезот Свјатослав, се осамостоиле во Југозападна Македонија и ги поставиле темелите на новата држава во Македонија, позната како Самуилово Царство. Во почетокот ја признавале византиската власт. Во 973 испратиле пратеништво кај царот Отон Ⅰ во Кведлинбург. По смртта на Јован Цимиски кренале востание, ја отфрлиле византиската власт и почнале да владеат самостојно (976). ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969; С. Пириватрий, Самуилова држава, Београд, 1997. К. Аџ. Монета на Алексеј Ⅰ Комнин, аверс/реверс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *