КОМАРЦИ, ДОЛГОНОЖНИ

КОМАРЦИ, ДОЛГОНОЖНИ (Типулидае) – двокрилни инсекти со долги нозе и со долги тесни крилја. Слаби летачи. Слични се на вистинските комарци. Развитокот и распространувањето им е условено од влажноста. Се среќаваат во влажни шуми и ливади, во густи грмушки, покрај брегови на реки, Долгоножен планински потокомарец ци и покрај други води. Оваа фамилија во Македонија е застапена со 108 видови. Најкрупен претставник е големиот комар (Типула олерацеа Л.). ЛИТ.: Душка Симова-Тошиќ, Долгоножни комарци – Типулидае (Диптера – Инсецта), Фауна на Македонија, Ⅲ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1977. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *