КОМАРЦИ, ВИСТИНСКИ (Цулицидае) – двокрилни инсекти, со тенко тело и со издолжени нозе. Слаби летачи. Мажјаците се среќаваат покрај води и се хранат со растителни сокови, а женките цицаат крв од човекот и од животните. Ларвите и куклите живеат во водна средина. Во Македонија оваа фамилија е застапена со неколку видови. Најчест е обичниот комарец (Цулеџ пипиенс Л.), кој живее покрај реки, неистечни води, бари, канали и на други влажни места. Во определен период од годината се појавува масовно. Сличен на обичниот еОбичен комарец маларичниот комарец (Анопхелес мацулипеннис Мг.) што се среќава по мочуришни предели. Тој е пренесувач на маларичниот паразит во крвта на човекот што ја предизвикува болеста маларија. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.