КОЛОВСКИ, Марко (Струга, 25. XI 1957) – музиколог. На Факултетот за музичка уметност во Скопје дипломира (1983) првин на Одделот по музичка теорија и педагогија, а потоа и на Одделот по музикологија, во класата на проф. Драгослав Ортаков. Работи како наставник во Струга, а потоа (од 1985) е музички соработ-Марко Коловски ник и уредник на Музичката програма на Радио Скопје. Забележителна е неговата улога како директор на Ансамблот за народни игри и песни „Танец” (2002– 2006), кога под негово водство доживува вистински подем со концертните настапи низ светот. Ав-тор е на книгите „Македонски композитори и музиколози” (1993) и „Еџ темпоре” (2001), како и на бројни статии, осврти и критики објавени во домашни и во странски публикации. Б. Орт.