КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде

КОЛЕМИШЕВСКИ, Панде (Ре-сен, 17. Ⅱ 1948) – новинар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Во НИП „Нова Македонија” од 1971 г. ги минал сите професионални скалила: соработник во Градската рубрика, во „Екран”, дописник од Белград, уредник на Саботниот прилог, заменик на главниот уредник и одговорен уредник, генерален директор (1988-98). Основач и главен и одговорен уредник на „Бизнис”, прв дневен економски весник во Македонија (2005). Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *