КОЛЕВ, Благоја

КОЛЕВ, Благоја (Св. Николе, 2. Ⅱ 1930) – архитект и урбанист. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје (1955). Докторирал во Белград (1981). Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа на архитектонско-урбанистичко проектирање е богато и разновидно. Учествувал во изработката на просторно-урбанистичките планови на Скопје. Позначајни реализации: Домот на културата во Куманово (1974); Стопанска банка во Скопје (1975); хотелот „Панорама” во Крушево (1978); објектот на НИП „Нова Македонија” (1985). Се занимава и со публицистичка дејност и со сликарство. БИБ.: Системски приступ просторне организације града „Јигинус”, Београд, 1983. ЛИТ.: Е. Колева, Архитект Благој Колев (1930), во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век, Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 177–186. Кр. Т. Пандо Колевски КОЛЕВСКИ, Пандо (с. Долно Котори, Леринско, Егејска Македонија, 4. Ⅵ 1937) – поет и преведувач. Во Граѓанската војна во Грција (1949) ја напушта родната грутка и наоѓа своја втора татковина во Чешка. Гимназија и Филозофски факултет завршува во Прага, каде што и останува да живее. Вработен е како библиотекар во Библиотеката „Клементинум” во Прага. Член е на ДПМ од 1987 г. Чест учесник на СВП во Струга. Автор е на книгите: „Доаѓањето на јужниот ветар” (1970); „Изгубена рамнотежа” (1978); „Море згрчено во дожд” (1984); „Окови на корењата” (1989); „Александар Македонски”, поема (1994) – сите на македонски јазик, и „Добар ден, Македонијо” (1998) на чешки. Преведувал чешки поети на македонски јазик. Г. Т. КОЛЕВСКИ, Перко Ѓорѓиев (Бунеш, ПробиШтипско, 27. Ⅻ 1944) – спец. по трансфузиологија и имунологија, редовен проф. по имунологија на Мед. ф. во Скопје. Бил министер за здравство во првата Влада на РМ, главен истражувач на 3 научни проекти. Организирал ХЛА лабораторија за ткивна хистокомпатибилност, учествувал со имунолошкиот дел во првите трансплантации на буб-рег во Македонија (1977). Вработен е во РЗТ и автор на бројни стручни и научни трудови. Бр. Н.