КОЛАРОВСКИ, Атанас

КОЛАРОВСКИ, Атанас (Драчево, Скопско, 1926) – играорец и кореограф. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и соло-играорец. Од 1970 г. се преселил во САД каде што ја продолжил својата активност како инструктор. Тој е автор на повеќе кореографии, а некои од нив („Драчевка”, „Калајџиско”, „Невестинско” итн.) станаа дел од антологискиот репертоар на „Танец”. М. Кол. Гоце Коларовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *