КОКИНО

КОКИНО – комплексен праисториски археолошки локалитет (2000 г. пр.н.е.) на територијата на Општината Старо Нагоричане, Кумановско. Опфаќа поголем дел од неовулканскиот рид Татиќев Камен, во чие подножје се наоѓа с. Кокино. Археолошките истражувања, започнати во 2001 година, открија многубројни археолошки артефакти што му припаѓаат на т.н. бронзено време. Наодите од раното (ⅩⅠⅩ–ⅩⅤⅠⅠ в. пр.н.е.) и од средното бронзено време (ⅩⅤⅠⅠ– ⅩⅣ в. пр.н.е.) се релативно помалубројни, а доминираат наодите од доцното бронзено време (ⅩⅣ–XI век пр.н.е.). Најновите археолошки истражувања открија траги од населба од т.н. железно време (Ⅶ в. пр.н.е.) на јужната падина на локалитетот, со што се потврдува неговата употреба во временски распон од над 1200 години. Некои топографски карактеристики на локалитетот (голема видливост од највисокиот дел на ридот, до кој се стигнува преку благо наклонета пристапна патека од југоисточната страна), како и мноштво археолошки наоди најдени во структури со обреден карактер, ја потврдуваат неговата употреба како „света планина“. Еден од обредите, веројатно врзан за плодноста и Големата Богин-НАОДИ ОД КОКИНО: ка–Мајка, се изведувал на тој начин што во природни цепнатини во стените се депонирале садови, веројатно полни со плодови, кои потоа биле затрупувани со земја и камен. Другиот обред се однесувал на светото спојување на небеското божество Сонцето со Големата Богинка–Мајка, персонифицирана како карпест планински врв и се изведувал во средината на летото (30 или 31 јули). Во тој ден зраците на утринското сонце, кое се појавувало зад обредниот маркер на највисокиот дел на локалитетот, минувале низ вештачки пресечената траншеа дваесетина метри под маркерот и осветлувале само еден од учесниците во церемонијата, којшто седел на едно од неколкуте камени седишта на долната (западна) платформа на локалитетот. И двата обреда имале цел да обезбедат поголем род и циклична обнова на природата. Мегалитската опсерваторија е една од најинтересните содржини на овој комплексен локалитет. Расположена е под самиот врв на ридот, со димензии од 100 м во насока исток–запад и 50 м во насока север–југ. Гледано во третата димензија, содржините на опсерваторијата се распоредени на две платформи: источна и западна, од кои источната е за 20 м повисока од западната. На тој простор од андезитни карпи древните жители ги набљудувале небесните тела, пред с° Сонцето и Месечината и ги одбележувале местата на изгревањето на видливиот хоризонт. На западната страна биле изградени места за набљудување, а на повисоката источна страна, во карпите, формирале маркери за одбележување на местата на изгревањето на Сонцето и на Месечината во точно определени денови во годината. На тој начин, со долготрајно и посветено собирање информации, ја осознале периодичноста во движењето на Сонцето и Месечината и биле во состојба да изработат и да користат лунарен календар. Тие успеале да ги препознаат и циклусите на затемнувањата на Сонцето и Месечината и можеле да ги предвидат, коешто веројатно имало големо значење во градењето на претставата за светот и организацијата на религиозниот живот на тогашната заедница. Прецизно определената старост на опсерваторијата, хомогеноста на структурата, начинот на градбата и докажаната намена, придонесе да биде рангирана на четврто место на листата на стари опсерватории во светот објавена од страна на Американската вселенска агенција НАСА (2005). Камена секира, доцна бронза Пехар, рана бронза Сад, средна бронза Чаша, рана бронза (ⅩⅣ-XI в. пр.н.е.) (ⅩⅠⅩ-ⅩⅤⅠⅠ в. пр.н.е.) (ⅩⅤⅠⅠ-ⅩⅣ в. пр.н.е.) (ⅩⅠⅩ-ⅩⅤⅠⅠ в. пр.н.е.) На западната страна на локалитетот е откриена централна или астрономска позиција, од која се гледаат сите 9 маркери за одбележување на местата на изгревањето на Сонцето и на Месечината на источниот хоризонт. Три од маркерите се наменети за одбележување на местата на изгревањето на Сонцето во денот на летната долгодневница, денот на зимската краткодневница и денот на пролетната и есенската рамнодневница. Преку мерењето на позицијата на маркерот за изгревањето на Сонцето во денот на долгодневницата е утврдена староста на опсерваторијата. Другите 6 маркери ги означувале местата на изгревањето на полната Месечина, од кои два маркера летно време ги означувале деновите кога таа има максимална и минимална вредност на деклинацијата, а другите два во зимата ги означувале деновите кога таа имала минимална и максимална вредност на деклинацијата. Другите два маркера служеле за определување на должината на лунарниот месец од 30 дена летно време и 29 дена зимно време. Преку набљудувањата од централната позиција бил изработуван лунарен календар со периода од 19 лунарни години. Целиот циклус содржел 12 обични лунарни години со 12 лунарни месеци (6 зимски од 29 дена и 6 летни од 30 дена), а 7 години биле престапни и содржеле 13 лунарни месеци, при што додадениот лунарен месец имал должина од 30 дена. Во науката овој циклус е познат како Метонов циклус, кој по теоретски пат бил поставен од атинскиот филозоф Метон (423 г. пр.н.е.) и во античкиот период бил многу популарен. Истражувањата покажаа дека најмалку 1500 години пред Метон овој циклус им бил познат на древните набљудувачи од Кокино, кои на едноставен начин го мереле, а со маркери трајно го одбележале во карпите на источниот хоризонт. Втората по важност е позицијата за набљудувањето на циклусите на затемнувањето на Сонцето и Месечината. Во астрономијата е познат фактот дека, гледано од Археолошка сонда на Кокино исто географко место, циклусите на затемнувањето на Сонцето и Месечината се повторуваат на секои 54 години и 34 дена. На источниот хоризонт се откриени 4 маркери, кои се гледаат само од едно, посебно обработено место на западната страна, веднаш до престо-лите. Од оваа место за набљудување набљудувачите на небото ги маркирале местата на источниот хоризонт, кои го покажуваат местото на изгревањето на полната Месечина точно во денот кога настапува новиот циклус на затемнувањата од 54 години и 34 дена. Мерењата и математичките анализи покажаа дека најстариот маркер потекнува од 1917 г. пр.н.е. што значи дека градењето и функционирањето на опсерваторијата започнало најмалку во ⅩⅩ в. пр.н.е. Во 2008 година Управата за заштита на културното наследство го стави локалитетот под привремена заштита како Културен предел Кокино. ЛИТ.: Јовица Станковски, Татиќев Камен -мегалитска опсерваторија и светилиште, „Музејски гласник“ бр. 7-9, Куманово, 2002; Ѓоре Ценев, Мегалитска опсерваторија во Кокино, на остото место; Јовица Станковски, Три мегалитски споменици во Кумановскиот регион, Пирајхме, том 2, Зборник на Народниот музеј Куманово, Куманово, 2003; Гјоре Ценев, Арцхаео-астрономицал аналѕзе он Кокино сите, Процеедингс оф тхе Цонференце оф СЕАЦ (Еуропеан Социетѕ фор Астрономѕ ин Цултуре), Кецскемет, 2004; истиот, Арцхаеоастрономиц интерпретатион оф Кокино, Процеедингс оф тхе Интернатионал Цонференце „Тхе Арцхаеологѕ оф Њорлд Мегалитхиц Цултурес“, Тхеме Сессион: Еуро Медитерранеан Мегалитхиц Цултурес, 5000–1300 БЦ, Родеоас, 2004; Ѓоре Ценев – Јовица Станковски, Кокино Анциент обсерваторѕ каталог, ДИ „Тумба“ – Куманово, МИД – Скопје, Куманово, 2005; НАСА – ГСФЦ, Анциент Обсерваториес Тимелесс Кноњледге – постер, Сун Еартх Даѕ 2005, хттп://сунеартхдаѕ.наса.гов/2005/имагес/ао_постер.пдф; Гјоре Ценев, Мегалитхиц Обсерваторѕ Кокино, Процеедингс оф тхе ⅩⅣ Натионал Цонференце оф Астрономерс оф Сербиа анд Монтенегро, Београд, 2006; Гјоре Ценев – Јовица Станковски, Кокино – Холѕ Моунтаин анд Анциент Обсерваторѕ, „Мацедониан Аффаирс“ Ⅵ, 1: Цултурал Херитаге: А Бридге Тоњардс а Схаред Футуре, МИЦ, Скопје, 2007; Гјоре Ценев, Арцхаео-астрономицал цхарацтеристицс оф тхе Кокино арцхаеологицал сите, Астропхѕсицал Инвестигатионс, Институте оф Астрономѕ ат Булгариан Ацадемѕ оф Сциенце, Но. 9, Софиа, 2007; Јовица Станковски, Кокино тврдина на сонцето, каталог, НУ Музеј Куманово, Куманово, 2007; истиот, Тхе Пеак Санктуарѕ Татицев Камен ат тхе Виллаге оф Кокино анд Тњо оф итс Цултс, „Тхрациа“, ⅩⅤⅠⅠ, Иституте оф Тхрацологѕ, Софиа, 2007; Гјоре Ценев, Кокино Цалендар, Процеедингс оф тхе Интернатионал Цонференце „Студинг Натуре Троугх Центуриес“, Београд, 2008. Ѓ. Цен. – Ј. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *