КОКАЛАНОВ, Ѓорги

КОКАЛАНОВ, Ѓорги (Скопје, 18. Ⅴ 1949) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1995) по предмети од областа на теоријата на конструкциите, еден од нашите најголеми специјалисти за примена на нумеричките методи во градежништвото и пошироко, посебно на методот на конечните елементи. Докторирал во 1984 г., формулирајќи нов вид изопараметарски елемент за анализа на плочи. Водел научноистражувачки проекти и објавил многубројни трудови во земјата и во странство, меѓу кои и важните книги: „Програмирање – ФОРТРАН”, „Статика на архитектонски конструкции”, „Бридге десигн туториал” (Нурнберг, 2003), и др. Љ. Т. Сашо Кокаланов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *