КОКАЛАНОВ, Сашо (Скопје, 1977) – современ македонски писател и новинар. Работи во дневниот весник „Дневник” во Скопје. Пишува прозна белетристика. Автор е на книгите: „Самецот”, 2003; „Ноќ на железничката станица во Розендал”, 2003; „Изабе-ла, Исмаела и јас”, 2005, како и на драмскиот текст „Кафез за будали”. Според судот на критиката, романите на Кокаланов откриваат писател со дарба, автор со препознатлив, свеж, модерен творечки ракопис и претставува неодминлив белег на новиот тренд во развитокот на македонскиот роман. Г. Т.