КОЗАРОСКИ

КОЗАРОСКИ (Козар), Мице Лазаров (псевд. Јандре) (Варош, Прилепско, 24. IX 1910 – с. Нежилово, Велешко, 19. Ⅻ 1942) – припадник на работничкото и коМице Козароски мунистичкото движење. Во 1934 г. бил член на КПЈ и член на прилепскиот Местен комитет. Раководел скоевска група и се истакнал со револуционерната активност, поради што бил прогонуван и затворан. По Окупацијата бил еден од организаторите и раководителите на НОБ во Прилеп и Азот (Велешко). Учествувал во нападот на 11-ти октомври во Прилеп. Бил командант на Велешкиот партизански одред „Пе-ре Тошев”, а потоа и на одредот „Димитар Влахов”. ЛИТ.: Стоилко Иваноски-Планински, Мице Козар – Живот и дело 1910–1942, Скопје, 1996. О. Ив. КОЗИНЕЦ НА ЧЕРЊАВСКИ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *