КОЖАНИ

КОЖАНИ – град во Егејскиот дел на Македонија, Грција, со 35.700 ж. (2002 г.). Се наоѓа во југоисточното подножје на планината Снежник, на надморска висина од околу 700 м. Во него се вкрстуваат две меѓународни сообраќајници: Е–90, која на исток го поврзува со Солун, а на запад со Егуменица на брегот на Јонското Море и Е–65, која на север го поврзува со Лерин и Битола, а на југ со Волос на брегот на Егејското Море. К. е стар град во кој се наоѓа втората по големина библиотека во Грција по атинската, со зачувани повеќе ретки драгоцени ракописи. Денеска е трговски и индустриски центар на овој дел од Македонија. Во градот има повеќе индустриски претпријатија, а се зачувани и неколку куќи од ⅩⅠⅩ в., постои историско-етнолошки музеј, дом на културата, гимназија, а југоисточно од градот и голем аеродром. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *