КОДРА, Џафер

КОДРА, Џафер (2. Ⅳ 1923 – Скопје, 2. Ⅴ 1995) – комунистички деец. Бил учесник во НОАВМ (од 1941), член на КПМ (од првата половина на 1943), секретар на ОК на КПМ во Дебар (од септември 1943) и заменик политички комесар на Седмата македонска шиптарска НО бригада (од септември 1944). По Ослободувањето извршувал разни политички и општествени должности, меѓу кои и министер во Владата на НРМ (од 6. Ⅰ 1951). Но поради определбата за Резолуцијата на Информбирото, бил сменет од функцијата и репресиран. ЛИТ.: Македонски влади. 60 години, Скопје, 2005, 23 и 29; Димче Најчески, Голооточки сведоштва. Книга трета. Последици. Скопје, 2006, 43. С. Мл. Кожани