КОВАЧ, Бане

КОВАЧ, Бане (Скопје, 12. XI 1919 – Скопје, 15. Ⅴ 1983) – еден од првите новинари и стенографи во Македонија. Завршил Трговска академија во Скопје. Учесник во напредното движење, од крајот на 1941 до септември 1944 г. во затвор во Бугарија. Иницијатор и директор на првата едногодишна Новинарска школа во Македонија со 40 слушатели (1950). Бил уредник на Радио Скопје и на весникот „Единство”. Долги години во НИП „Нова Македонија”, во еден период заменик на главниот уредник на весникот и раководител на Заедницата за издавачка дејност. Претседател на Здружението на новинарите на Македонија. Б. П. Ѓ. Ванчо Ковачев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *