КОВАЧЕВ, Ванчо Панев

КОВАЧЕВ, Ванчо Панев (Радовиш, 26. Ⅴ 1927 – Скопје, 24. Ⅻ 2007) – физиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Студиите по медицина ги започнал во Ленинград (Русија), а ги завршил во Скопје. На Институтот за физиологија на Мед. ф. во Скопје е од 1954. Бил директор на Институтот и продекан. Носител и соработник е на повеќе научни проекти од областа на физиологијата. Публикувал 26 труда во меѓународни списанија. ЛИТ.: Билтен за избор во наставно звање, бр. 203, 15. XI 1973 год. Д. С.-Б.