КОВАЧЕВСКИ, Никола

КОВАЧЕВСКИ, Никола (Скопје, 9. Ⅻ 1923 – Скопје, 3. Ⅶ 2001) – еден од доајените на македонското спортско новинарство. Почнал како соработник на „Спортски глас” (1949) и на „Спорт”. Одговорен уредник на „Спортски глас” (1952), од 1953 г. до пензионирањето (1983) во „Нова Македонија” (во еден период уредник на Спортската рубрика). Еден од основачите и главен и одговорен уредник на „Спортист” (1955/56), весник што излегувал на македонски и српскохрватски јазик. Известувал од олимпијадите во Рим (1960) и Минхен (1972). Б. П. Ѓ. Стојан Ковачески КОВАЧЕСКИ, Стојан Јорданов