КНЧОВ, Васил

КНЧОВ, Васил (Враца, Бугарија 4. Ⅶ 1862 – Софија, 22. Ⅰ 1902) – бугарски етнограф. Основно образование завршил во Враца, гимназија во Лом; студирал хемија на Харковскиот универзитет и хемиска технологија на универзитетите во Минхен и штутгарт (1885– 1888). Потоа доаѓа да работи во Македонија, и тоа најпрвин како учител во Солунската гимназија, каде што бил и нејзин директор. Бил егзархиски инспектор на училиштата во Македонија (1893– 1897). Бил избран за министер за просвета на Бугарија (1901), а потоа за народен пратеник од Враца. Кон проучувањата на Македонија се ориентирал под влијание на Марин Дринов. Во обемните трудови дава извонредно корисни податоци за населението и неговата економска состојба во Македонија од тоа време. БИБ.: Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница, „Сборник на народни умотворени®, науки и книжнина”, кн. 10–13, София, 1894–1896; Македони®. Етнографи® и статистика, Софи®, 1900; Орохидрографи® на Македони®, Пловдивъ, 1911. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *