КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО

КНЕЖЕВСКИ СЕМЕЈСТВА ВО КРАТОВО. Во изворите од ⅩⅤⅠ в. во Кратово се спомнуваат кнежевските семејства Бојчиќевци и Пепиќевци, познати по својата дарежливост кон манастирите и црквите во Македонија. Кнезот Димитрија Пепиќ бил еден од закупувачите на кратовските рудници, а се чини и ги раководел собирите на рударите и ги решавал нивните спорови. Кон средината на векот и едно од маалата во Кратово го носело името Пепиќ. ЛИТ.: А. Стојановски, Градовите во Македонија од крајот на ⅩⅣ до ⅩⅤⅠⅠ век. Демографски проучувања, Скопје, 1981; А. Стојановски, И. Ерен, Кратовската нахија во ⅩⅤⅠ век, ГИНИ, Ⅵ/1, Скопје, 1971. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *