КЛИНКМАН, Хорст Валтер

КЛИНКМАН, Хорст Валтер (Тетеров, Германија, 7. Ⅴ 1935 г.) – интернист-нефролог, редовен проф. на Унив. во Росток, академик. По усовршувањето во подрачјето на нефрологијата во Лунд (шведска) и во Салт Лејк Сити (САД) во под-рачјето на вештачките органи, се посветува на изучување на дијализата како метод за лекување на ТБИ, конструкцијата на вештачки бубрег и на нови мембрани за дија-Клиника за кардиолошки болести – Скопје Клиника за детски болести – Скопје Клиника за интерни болести – Скопје Хорст Валтер Клинкман лиза. Под негово раководство на Унив. во Росток е создадена школа за конструкција, примена и изучување на вештачките органи (бубрег, срце и црн дроб). Познати се неговите идеи за биокомпатибилноста при лекување на болни со дијализа, неговите истражувања со супкутаната примена на еритропоетинот во лекувањето на бубрежната анемија, и примената на плазмаферезата и имуноапсорпцијата во лекувањето на имунолошките болести кај човекот. Публикувал над 650 научно-стручни трудови на англиски и германски јазик во познати светски списанија. Уредник е на повеќе интернационални списанија. Одржал бројни предавања на Мед. ф. во Скопје и на научните состаноци и конгреси во РМ. Еден е од иницијаторите за создавање на БАНТАО асоцијацијата (1993) во Охрид и прв претседател на нејзиниот Научен комитет. Повеќе лекари од РМ биле на едукација на Унив. во Росток. Овозможил учество на лекари од РМ во интернационални проекти за супкутано лекување со еритропоетин и за примена на разни мембрани за дијализа при лекување на акутната бубрежна инсуфициенција. Како признание за придонесот во развојот на нефрологијата во РМ бил избран за почесен проф. на Унив. „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и за почесен член на МЗНДТВО. Член е на Германската академија за природни науки „Леополдина” (1986), на Германската академија за природни науки во Берлин (1986), на Белгиската академија на медицинските науки (1986), на Њујоршката академија на науките (1986), на Роѕал Цоллеге оф Пхѕсицианс Единбургх, УК (1988), на Интернатионал Ацадемѕ оф Медицал Сциенце, Генева / Нењ Делхи (1990) и на Роѕал Цоллеге оф Пхѕсицианс анд Сургеонс Гласгоњ, УК (1994). Како визитинг професор одржал предавање на 38 универзитети. Добил повеќе признанија како почесен доктор и почесен професор на универзитетот. Бил претседател на ИСАО, на ЕСАО, на ЕРА/ЕДТА и на ЊАА. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 27. Ⅴ 2003 г. ИЗВ.: Билтен на МАНУ. Четиринаесето изборно собрание, Ⅲ том, Скопје, 2. 2003, 117-141. БИБ.: Тхе проспецтс оф апхересис ин тхе 21ст центурѕ бѕ нењ адсорптион тецхнологиес, „Непхрол Диал Трансплант”, 16, Суппл. 6, 2001; коавтор: Адиверсе евентс оф субцутанерус рецомбинант хуман ерѕтхопоиетин тхерапѕ, „Цонтриб Непхрол.”, 100, 1992, 127–38; Тхе неед фор а сѕстемс аппроацх, „Ј Лаб Цлин Мед.”, 121 (2), Фебруарѕ 1993, 2003–2004; Тхе биоцомпатибилитѕ пуззле партлѕ солвед, партлѕ енигматиц, „Непхрол Диал Трансплант.”, 9, Суппл. 2, 1994, 184–186; Дилемма оф мембране биоцомпатибилитѕ анд реусе, „Артиф. Органс”, 20 (5), Маѕ 1996, 426–432; Сурвивал оф патиентс он цхрониц хемодиалѕсис: сингле центер еџпериенце, „Артиф. Органс”, 23 (1), Јануарѕ 1999, 61–64; Рецурренце оф лефт вентрицулар хѕпертропхѕ фоллоњинг цессатион оф ерѕтропоиетин тхерапхѕ, „Артиф. Органс”, 26 (2), Фебруарѕ 2002, 98–102. М. Пол. Атила Клинче

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *